Достапни линкови

logo-print

Прва средба меѓу Обама и Медведев


Русија и Соединетите Држави ќе се стремат кон постигнување на нов нуклеарен договор пред истекувањето во декмеври на Договорот од 1991-та година за намалување на армиското вооружување, соопштија денеска по средбата во Лондон, рускиот и американскиот претседател Дмитриј Медведев и Барак Обама. Сегашниот договор го лимитира арсеналот на двете најголеми нуклеарни сили на 1 700 до 2 200 нуклеарни боеви глави и двете земји засега не се договорија за нови лимити. Денешниот состанок е прв меѓу Медведев и Обама, а по средбата рускиот претседател изјави дека е ,,оптимист“ околу идните американско-руски односи.

XS
SM
MD
LG