Достапни линкови

Чешка нема да издава работни визи за пет земји


Чешка го суспендираше издавањето работни визи за пет земји со цел да го намали приливот на евтина работна сила во услови на економска криза. Чешкото министерство за надворешни работи соопшти дека овој чекор се однесува на Молдавија, Монголија, Тајланд, Украина и Виетнам. На почетокот од годинава, чешката влада започна да им исплаќа авионски превоз и по 500-тини евра бонус на работниците од земјите кои не се дел од Европската Унија, кои што доброволно ќе одлучат да се вратат во своите земји по губењето на работното место.
XS
SM
MD
LG