Достапни линкови

Кина и Франција договорија обновување на контактите


Кина и Франција соопштија дека постигнале договор за обновување на контактите на ,,високо ниво“ и подобрување на билатералната соработка, кои привремено беа прекинати поради несогласувањата околу Тибет. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека Франција ветила дека нема да ја поддржува независноста на Тибет во ,,каква било форма“. Ова е потврдено и во соопштението објавено од француската влада. Кина суспендираше дел од контактите со Франција, откако во декември фрацускиот претседател Никола Саркози се сретна со тибетскиот духовен лидер Далај Лама.
XS
SM
MD
LG