Достапни линкови

При напад во Авганистан загинаа осум лица


Авганистанското министество за внатрешни работи соопшти дека талибанските милитанти нападнале канцеларии на локалната власт во Кандахар, при што убиле осум лица. Еден од напаѓачите активирал автомобил бомба пред седиштето на канцелариите на Советот во провиницијата, при што загинал еден полицаец. Веднаш потоа тројца бомбаши самоубијци отвориле оган кон зградата, убивајќи седум цивили. Полицијата успеала да ги убие напаѓачите.
XS
SM
MD
LG