Достапни линкови

logo-print

Во Лондон средба Обама- Браун


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сите нации имаат одговорност да работат заедно за справување со глобалната економска криза. Зборувајќи на заедничката прес конференција во Лондон по средбата со британскиот премиер Гордон Браун, Обама исто така рече дека Соединетите Држави се подготвени да направат се што е потребно за стимулирање на економскиот раст. Тој исто така ги повика земјите да го отфрлат протекционизмот. Американскиот претседател е во Лондон каде утре ќе се оддржи самитот на Групата 20 економски најразвиени земји.
XS
SM
MD
LG