Достапни линкови

logo-print

НАТО: Поделби околу проширувањето?


Седиштето на НАТО во Брисел

Седиштето на НАТО во Брисел

Првиот пат беше лесно. Пред десет години, поранешните советски сателити Полска, Унгарија и Чешка успеаа да влезат во НАТО со сосем мал протест од Москва. И вториот пат Кремљ, освен построгите забелешки за приближувањето на НАТО кон руските граници, не презеде нешто за да го спречи таквиот потег. Но, сега проширувањето стигна до ѕидот. Кога НАТО почна да се приближува кон Украина и Грузија, осоколената Русија повлече линија. Збогатен со петродолари, Кремљ го искористи сето свое политичко, економско и дипломатско влијание за да го отежне минатогодишниот самит на НАТО во Букурешт. Украина и Грузија си заминаа со празни раце, а нивната НАТО перспектива е се помаглива. Еве како тоа објаснува Едгар Бакли, поранешен асистент на генералниот секретар на Алијансата

,,Не гледам ниедна причина зошто Грузија и Украина не можат да му се приклучат на НАТО кога ќе дојде вистинското време за тоа, односно кога ќе имаат добри односи со нивните соседи. Не сакаме да ја земеме Грузија, за да не завојуваме со Русија,,.

Не се само Грузија и Украина чии обиди се најдоа надвор од масата барем за извесно време. Задржана е исто така и македонската
Целта на проширувањето на НАТО не е тој да биде поголем, туку да ја прошири зоната на мир и стабилност во Европа.
апликација поради спорот со Грција. Американскиот експерт Брус Џексон смета дека очигледниот крај на декадата од ширењето на НАТО кон источна Европа остава дупка во целите на Алијансата:

,,Европа ефикасно ги затвори своите врати за Грузија и Украина. Тоа не е добро. Целта на НАТО од почетокот на деведесетите години е неговото проширување. Тоа е забавено на Балканот и целосно пропадна на Исток,,.

Поделби околу проширувањето има и во самиот НАТО: Соединетите Држави, Британија и новите членки го поддржуваат, што не може да се каже за Германија, Франција и Италија. Германската позиција критичарите ја објаснуваат со бизнис врските со Москва, посебно во енергетскиот сектор. Франција пак веќе сугерира дека пред проширувањето кон Исток НАТО мора да се консултира со Русија. Можеби позициите на овие две земји ќе омекнат откако администрацијата на американскиот претседател Барак Обама побара обновување на односите со Москва. И покрај исцрпеноста од проширувањето, посматрачите забележуваат дека откако Албанија и Хрватска ќе влезат во Алијансата тогаш дванаесет нејзини членки, плус поранешната источна Германија, се екс комунистички земји.

,,Крајот на Студената војна донесе ситуација во која НАТО откри нова улога за себе во помагање на реформите во поранешните комунистички земји. Целта на проширувањето на НАТО не е тој да биде поголем, туку да ја прошири зоната на мир и стабилност во Европа,,.

Вели Џејми Шеј, директор за политичко планирање во НАТО.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG