Достапни линкови

logo-print

Македонија жали што останува надвор од НАТО


Во пресрет на Самитот на НАТО Македонија останува надвор од Алијансата. Според експертите, дополнителниот услов за решавање на спорот со името со Грција е непринципиелен, но компромис мора да се најде

Македонија изразува жалење што НАТО нема да се прошири со нас, но таа останува посветена на националниот приоритет, а тоа е членство во Алијансата. Ова е ставот на министерството за надворешни работи во пресрет на претстојниот самит на оваа организација во Стразбур и во Келн. Македонија ќе соработува со сите земји членки како и досега, ќе учествува во мировните мисии и ќе има активен однос кон Алијансата како и досега, велат од Министерството за надворешни работи. Оттаму очекуваат да се стави крај на заложничкото однесување на Грција кон Македонија, и влез на земјата во НАТО на достоинствен начин.

Една година по Букурешкиот самит кога поради ветото од Грција, Македонија не доби покана за членство во Алијансата, познавачите
Ние сите критериуми ги исполнивме. Единствено остана проблемот со името, што е непринципиелно како дополнителен услов
на оваа област оценуваат дека изгубивме многу.

„НАТО веќе не е само една воена политичка организација. НАТО е нешто повеќе, се шири и придонесува за градење демократски институции. Критериумите и стандардите се многу слични на оние кои ги бара ЕУ,“

изјави Исмет Рамадани, потпретседател на Евроатланскиот Совет
За аналитичарот Благоја Марковски пак, од претстојниот самит може да се очекува само охрабрувачка порака за Македонија за напредокот кој досега го постигнала:

„Македонија не треба ништо посебно да очекува. Веројатно ќе биде охрабрена да продолжи понатаму на својот пат за членство во НАТО. Но, јас би рекол дека ние сите критериуми ги исполнивме. Единствено остана проблемот со името, што е непринципиелно како дополнителен услов.“

Македонија не треба да се надева на сценаријата за трансформација на НАТО и промена на условите за прием на членки. Најважно е да се дојде до решение на проблемот за името со Грција, посочува Рамадани.

„Треба да направиме повеќе, да оставиме впечаток дека се трудиме да го постигнеме она што се бара од нас. Тој компромис мора да се
Треба да направиме повеќе, да оставиме впечаток дека се трудиме да го постигнеме она што се бара од нас. Тој компромис мора да се најде со Грција
најде со Грција.“

За Марковски пак одбивањето на земјава да стане членка на Алијансата значело создавање на црна безбедносна дупка во регионот на Југоисточна Европа.

„Во секторот на безбедноста и одбраната продолжува да се развива согласно со безбедносните текови. Тука Република Македонија апсолутно не загуби, загуби светот на глобално ниво на планот на безбедноста.“

На годинашниот самит, односно на шеесетгодиншнината од создавањето на сојузот, Хрватска и Албанија двете земји кои заедно со Македонија се дел од Јадранската група и официјално ќе станат полноправни членки на Алијансата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG