Достапни линкови

Лидерски средби во Лондон пред самитот на Г20


Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Дмитри Медведев денеска за прв пат ќе се сретнат во Лондон каде што допатуваа да учествуваат на самитот на Групата дваесет. Се очекува тие да постигнат согласност за почнување преговори за нов договор за нуклеарно разоружување. Двете страни изразија готовност да ги обноват врските и покрај извесните несогласувања околу ракетната одбрана од Иран и проширувањето на НАТО. Обама денеска во Лондон имаше средба со британскиот премиер Гордон Браун, а ќе се состане и со кинескиот претседател Ху Џинтао.
XS
SM
MD
LG