Достапни линкови

logo-print

Убиени триесетина авганистански милитанти


Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека американските и авганистанските сили убиле триесетина милитанти во опреацијата што вчера била изведена во јужната провинција Хелманд. Претходно, безбедносните служби во Пакистан соопштија дека во ракетен напад во северозападниот дел на земјата загинале дванаесет луѓе. Се верува дека нападот бил извршен од американските сили и оти загинатите биле талибански милитанти. Нападот се случил во регионот Оракзаи на границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG