Достапни линкови

Апел од Папата до светските лидери да не забораваат на сиромашните


Поглаварот на Римокатоличката црква Бенедикт 16-ти побара од лидерите кои ќе присуствуваат на самитот на Г-20 и натаму да обезбедуваат храна и помош за сиромашните земји и покрај тоа што е светска економска криза. Папата во писмото што го упатил до британскиот премиер Гордон Браун побарал од него и од другите светски лидери да не заборават на сиромашните кои ќе бидат најголема жртва на кризата. Исто така, тој ги потсетил лидерите да не забораваат ни на климатските промени. Браун одговорил со писмо во кое наведува дека еден од приоритетите на самитот ќе бидат и сиромашните.
XS
SM
MD
LG