Достапни линкови

Израелскиот парламент го одобри составот на владата на Нетанјаху


Бенјамин Нетанјаху денеска стапува на должноста премиер на Израел. Доцна синоќа израелскиот парламент го потврди составот на новата влада, јавуваат агенциите. Од вкупно 120 пратеници, 69 гласале за новата влада на чело со Нетанјаху, додека другите биле воздржани. Во својот поздравен говор Нетанјаху им порачал на пратениците дека ќе даде се од себе за да постигне правичен и долготраен мир со сите соседи и вопшто со целиот арапски свет, но не го спомнал воспоставувањето палестинска држава. Ова е втор премиерски мандат на Нетанјаху, кој веќе беше на чело на владата од 1996 до 1999 година.
XS
SM
MD
LG