Достапни линкови

logo-print

Неажурно македонско судство


Скопје

Скопје

Предолгото траење на судските спорови и непочитувањето на основното човеково право за судење во “разумен рок", сеуште е критична точка во македонското судство, сметаат експертите. За луѓето виновни се судовите, за судиите обвинетите кои не се појавуваат на суд, Луѓето умираат или со децении живеат под кирија чекајќи да се реши судскиот спор. Нашиот соговорник објаснува дека со години чека да го наследи имотот кој го оставил татко му.

„Се побаравме и никој не ни дава објаснување. И адвокати, и тие изумреа, и судиите исто така, а предметот остана.“

Во извештајот за 2008, Народниот правобранител констатира дека правдата пред судовите била тешко остварлива.

„Тоа пред се се темели на фактот дека најголемиот број од преставките што се поднесуваат до Канцеларијата на Народниот правобранител се однесуваат токму на работа на судовите. Од тие причини, Народниот правобранител има констатирано дека граѓаните ја имаат изгубено довербата за остварувањето на правдата пред судовите.“

Вели портпаролката на народниот правобранител Уранија Пировска.
И претседателот на Врховниот суд посочи судови кои минатата година работеле неуспешно. На листата се најдоа Апелационите судови во Скопје, Гостивар , Битола и Штип и Основниот суд Скопје 2. Експертите посочуваат неколу причини за неажурноста на судовите.

„Ако имаме ние во сите судски инстанци, истакнати правници, како што бара законот, добри професионалци и компетентни судии сигурно дека роковите околу завршувањето на постапките ќе бидат запазени.“

Објаснува професорот Осман Кадриу.
Нашиот соговорник кој со години си ја бара правдата, се жалел и до судот за човекови права во Стразбур. Таму го добил предметот и државата треба да му плати што во „разумен рок “ не е спроведено судењето.

„Би сакал да се реши еднаш, да се знае до каде сме стигнале. Не само за мене, туку и за Македонија.“

поред статистиката ,судовите, 2008-та година ја започнале со повеќе од 1 милион
заостанати предмети, а годината ја завршиле со близу 950 илјади нерешени спорови. Министерството за правда превзеде мерки за решавање на старите предмети. Оние што датираат пред 2000 година, март им беше последен рок, а оние поновите кои датираат до 2006 година, треба да се решат до јуни годинава.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG