Достапни линкови

Барак Обама отпатува на турнеја низ Европа


Американскиот претседател Барак Обама замина за Европа, во прва посета преку Атлантикот од преземањето на функцијата на 20-ти јануари. Најпрво ќе престојува во Лондон, на самитот на Групата 20 економски најразвиени земји. Во Лондон, Обама ќе се сретне и со лидерите на Русија и Кина. Американскиот претседател на 3 и 4-ти април ќе присуствува на јубилејниот самит по повод 60 годишнината од формирањето на НАТО, а потоа ќе учествува на состанокот меѓу Соединетите Држави и ЕУ, во Прага. Неговата турнеја низ Европа завршува со посетата на Турција.
XS
SM
MD
LG