Достапни линкови

Македонија разгледува зголемување на своите војници во Авганистан


Република Македонија ќе продолжи да биде дел од мисијата во Авганистан, истакна министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Хаг на Меѓународната конференција посветена на состојбата во Авганистан. Тој додаде дека Македонија ги разгледува можностите за дополнително значително зголемување на бројот на македонските војници во оваа земја и во 2010 година. Милошоски посочи дека во 2009-та година бројот на македонски војници во Авганистан е зголемен за 25 проценти, и во оваа земја во моментов има повеќе од 170 војници на македонската армија. Со тоа Македонија е рангирана меѓу првите шест земји контрибутери во Авганистан сразмерно со нивната големина, истакна Милошоски.
XS
SM
MD
LG