Достапни линкови

logo-print

Лидерите се заложија за фер и демократски избори


Лидерска средба

Лидерска средба

Лидерите на трите парламентарни партии ја оценија денешната средба во Клубот на пратеници како конструктивна, повторно нагласувајки ги заложбите за одржување на фер и демократски избори. Дополнително,опозициската СДСМ го покренала прашањето за саботните инциденти, за што од владеачката партија повторно нагласија дека се вложуваат напори за расчистување на случајот.
Лидерот на албанската ДУИ Али Ахмети, по средбата која беше затворена за новинарите, рече дека дискусијата се фокусирала на организирање на фер и демократски избори.

„Се разговараше за одредени мали технички проблеми што беа забележани на првиот круг од изборите. Се договориме тие да бидат надминати. Сите презедовме обврска да апелираме до членството, до гласачите да излезат да гласаат, затоа што тоа е во интерес на државата.“

Од посебен интерес за медиумите беше прашањето дали постои интерен договр помеѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ во врска со претстојните избори. Ахмети не даде конкретен одговор на ова прашање, посочувајки дека на средбата не се потпишувало ништо.

„На оваа средба не се правеа пазари. Ова беше средба за да се договориме успешниот изборен процес од првиот круг, да го повториме и на вториот.“

Од коментар на ова прашање се воздржа ипретседателот на владеачката ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски:

„Ние со ДУИ досега имаме добра комуникација, добра соработка како коалициони партнери и очекуваме таа соработка да ја продолжиме и натаму.“

Груевски посочи дека на средбата се постигнала согласност за одржување на мирни избори, и дека било кој со спротивни намери ќе се казнува:

„Да кажам исто така како примиер дека институциите ќе бидат целосно подготвени, и дека нема да има никаква милост за било кој, независно од која политичка партија доаѓа, независно на чија помош смета, дека нема да му биде никому дозволено да направи проблем кој што ќе и наштети на иднината на Македонија.“

ВД Претседателот на СДСМ Зоран Заев на сребата го покрена прашањето за саботните насилства врз студентите на плоштадот Македонија:

„Сите овие инцидетни кои што се случија очекуваме брзи реакции, посебно во врска со случувањата во саботата на Плоштадот.“

Во поглед на изборите, Заев ја нагласи важната улога на власта за одржување на мирно гласање:

„Јасно ги изложивме сите одредени притиосоци, неправилности кои што се случуваат во државата. Заедно сите треба да направиме дополнителни напори, но се разбира власта преку сите владини институции треба да го направи најважното.“

На средбата не се појави лидерот на албанската ДПА Мендух Тачи.
XS
SM
MD
LG