Достапни линкови

Клинтон – Помирување со милитантите што ќе се одречат од екстремизмот


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека на талибанските милитанти што ќе се одречат од екстремизмот, ќе им биде понудена ,,чесна форма на помирување“ за реинтеграција во општеството. Клинтон ова го изјави на меѓународната конференција за Авганистан што денеска се оддржува во Хаг. Во обраќањето на конференцијата на која присуствуваат и претставници од Пакистан и Иран, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи посочи дека е потребна ,,вистинска соработка“ со соседните земји за соборување на тероризмот.
XS
SM
MD
LG