Достапни линкови

logo-print

Рен – Годинава можно е Македонија да добие датум за преговори?


Европската Унија во текот на годинава може да препорача укинување на визниот режим за некои земји од Западниот Балкан, и да даде препорака за отпочнување на преговорите со Македонија доколку бидат исполнети критериумите, изјави денеска во Брисел еврокомесарот за проширување Оли Рен. Според Рен, прашањето за името е билатерален спор меѓу Македонија и Грција и тоа не е поврзано со критериумите за членство на земјата во Европската Унија, но додаде дека спорот мора да се реши во духот на добрососедската политика. Рен изрази надеж дека и вториот изборен круг во Македонија ќе помине во мирна атмосфера.
XS
SM
MD
LG