Достапни линкови

Конференција за Авганистан


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон зборува пред почетокот на конференцијата за Авганистан

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон зборува пред почетокот на конференцијата за Авганистан

На конференцијата ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Според експертите, македонското учество во мисијата е континуитет на напорите за членство во НАТО

На конференцијата „Сеопфатна стретегија во регионален контекст“ посветена на досегашниот напредок во Авганистан ќе учествува и шефот на Македонската дипломатија Антонио Милошоски. Македонија е присутна со свои војници во мисијата ИСАФ во Авганистан од 2002 година и заедно со ротацијата во јули 2008 во неа до сега учествувале 775 лица. На ова учество треба да се гледа како на континуитет на напорите што ги прави Македонија до конечното остварување на својата цел-полноправно членство во НАТО, вели
Битката за остварување на оваа стратегиска цел трае. Македонија мора покрај јасните политички определби и понатаму да се вклучи и во оперативните мисии на НАТО доколку сака да дојде до реализација на оваа нејзина стратегиска цел
професорот Стојан Кузев.

„Битката за остварување на оваа стратегиска цел трае. Македонија мора покрај јасните политички определби и понатаму да се вклучи и во оперативните мисии на НАТО доколку сака да дојде до реализација на оваа нејзина стратегиска цел.“

вели Кузев. Од тој аспект Македонија би требало и во иднина да учествува во оваа мисија и тоа со зголемен контингент и со зголемена одговорност на сметка на повлекувањето од Ирак, додава Кузев:

„Контингентот со којшто ќе учествува овде, за сметка на она што се повлече од Ирак ќе биде нешто поголем и тоа ќе значи дека ќе има зголемен контингент и одговорност во извршувањето на оваа мисија.“

Министерот Милошоски на конференцијата во Хаг во Хаг во своето обраќање како што е најавено ќе се осврне на македонскиопт придонес во јакнењето на безбедноста на Авганистан и воопшто на натамошното засилено учество во остварувањето на целите на Алијансата. Конференцијата се одржува на иницијатива на САД односно на државниот секретар Хилари Коинтон која на почетокјот од месецов упати апел до земјите членки на НАТО но и до други држави да испратат повеќе војници во меѓународната мисија во Авганиста. Во оваа насока и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека мандатот на мисијата на ОН во Авганистан би требало да биде продолжен за една година со цел да и се помогне во закрепнувањето на новата влада која ќе биде формирана по изборите во август.Авганистан станува средиште на дејствувањето на НАТО и на САД велат експертите и не случајно ќе биде главна точка во расправата на престојниот самит на НАТО.
XS
SM
MD
LG