Достапни линкови

Нема детали за саботните настани на Плоштадот


Плоштад Македонија

Плоштад Македонија

Силна осуда од меѓународната заедница и експертите за тепачката на Плоштадот „Македонија“ во саботата. Од МВР велат дека детали ќе открија на прес конференција

До каде е истрагата и дали се познати виновниците кои го предизвикаа саботниот инцидент на плоштадот Македонија од министерството за внатрешни работи велат дека ќе соопштат на прес конференција. Дотогаш детали не откриваат.

Со прес конференција денска се огласија и студентите од Архитектонскиот факултет кои го организираа протестот. Претставник на Прва архитектонска бригарда, организаторот на протестот изјави дека нивната цел била демократски и јавно да го изразат своето несогласување за изградба на каков било објект на таа површина. Тој не негира дека на протестот имало членови на политички партии,
Ако се соберат незадоволствата од најразлични типови, почнувајќи од млекарите, професионалните војници, стечајците, невработените, тогаш може да премине во своевиден бунт на граѓаните и власта мора да биде свесна за тоа. Затоа што социјалното незадоволство е сега корен за неговото пренасочување во било кој правец
оти како што вели таму биле повикани сите кои го поддржуваат нивниот став.

На она што се случи на протестите остро реагираа претставниците на меѓународната заедница во земјава. Апели за итно пронаоѓање и казнување на виновниците упатија и првите луѓе на Европската Унија, ОБСЕ и Американската амбасада во Скопје. Ерван Фуере, Хозе уис Хереро и Филип Рикер со став дека саботните инциденти се неприфатливи за едно демократско општество.

И стручната јавност во земјава е згрозена од саботните случувања. Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски вели дека социјалното незадоволство и нервозата кај граѓаните се главната причина за судирот меѓу граѓаните поддржувачи и противници за изградба на верски објект на плоштадот.

„Ако се соберат незадоволствата од најразлични типови, почнувајќи од млекарите, професионалните војници, стечајците, невработените, тогаш може да премине во своевиден бунт на граѓаните и власта мора да биде свесна за тоа. Затоа што социјалното незадоволство е сега корен за неговото пренасочување во било кој правец.“

Цуцуловски не ја исклучува поврзаноста на овие инциденти со остварување на предизборни цели. Особено загрижува фактот што станува збор за судир меѓу припадници на иста вероисповед, вели Цуцуловски:

„Ако немирите од саботата се партиски инспирирани и организирани тогаш тоа говори за глупоста и недалековидоста на политичките партии во Република Македонија. И јас се плашам дека сето ова е можеби дел од една необмислена и несвесна стратегија.“

Експертите посочуваат дека ваквите судири не се непознати и за високо-развиени земји. Сепак место за споредба нема оти како што велат таму институциите на власта навремено и ефикасно реагираат на можните несакани сценарија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG