Достапни линкови

Влезот на Хрватска во НАТО, важен момент за регионот


Хрватското државно раководство

Хрватското државно раководство

Хрватска и Албанија за неколку дена ќе станат членки на НАТО. Тоа, според оценката на хрватските аналитичари, ќе има, позитивно влијание за стабилизација на состојбата во југоисточна Европа.

Хрватскиот премиер Иво Санадер, најавувајќи дека заедно со претседателот Стипе Месиќ ќе учествува на самитот на НАТО во Стразбур и Кел на третти и четврти април, оцени:

,,Мило ни е што Хрватска пристапува токму на денот кога НАТО ја одбележуваа шеесетгодишнината од формирањето на сојузот на земјите кои делат исти заеднички вредности, демократија, слобода, мир, човекови права,,.

На истиот ден кога хрватското знаме ќе биде подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел, на седми април во Загреб ќе биде истакнато и знамето на Алијансата. Со влезот на земата започнува вистинскиот нејзин влез во Европа, вели претседателот на
Професор Вукадиновиќ: ,,Македонија практично го заврши тој пат и станува збор за едно формално чекање,,
Атлантскиот совет на Хрватска професор Радован Вукадиновиќ:

,,Мислам дека во овој момент е најважно да се влезе во Европа политички, а по тоа ќе уследат Европската унија и економскиот развој,,.

Според Вукадиновиќ, втор важен момент е оној што се однесува на регионот. По Словенија уште две земји од регионот влегуваат во оваа одбранбена Алијанса и со тоа им се покажува патот на другите:

,,Дали тоа ќе биде Црна Гора со своето влегување во Акциониот план за членство, дали тоа ќе биде Босна и Херцеговина, Македонија практично го заврши тој пат и станува збор за едно формално чекање и секако Србија и Косово,,.

Воениот аналитичар Игор Табак акцент става врз новите стандарди што Хрватска ќе мора да ги почитува, пред се во сигуроносно одбранбениот комплекс:

,,Претерани се приказните дека сега, поради влезот во НАТО, ќе имаме економски процут или пораст на рејтингот. Тие работи зависат од други фактори. Она што е дефинитивно е тоа дека хрватската позиција значително ќе зајакне,,.

Вели Табак, прецизирајќи дека влезот можеби посредно ќе влијае и врз Косово и Босна, но сигурно не и врз хрватските односи со Унгарија или Словенија. И професор Вукадиновиќ е на мислење дека влегувањето на Хрватска во НАТО ќе има видливо влијание врз регионот. Сепак, тој додава дека никој не е наивен да очекува оти тоа ќе ги реши сите проблеми во Босна и Херцеговина.

,,Меѓутоа, веќе самиот тој момент дека границата, меѓу Хрватска и Босна станува граница на НАТО, мора да име свое влијание. Тука, пред се мислам, на политичките лидери на сите три народи таму,,.

Вели Вукадиновиќ.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG