Достапни линкови

Барак Обама ја почнува турнејата низ Европа


Американскиот претседател Барак Обама денеска заминува во европска турнеја, прва од превземањето на функцијата на 20-ти јануари. На 8 дневната посета се гледа како на прв тест за Обама во врска со глобалното лидерство. Тој најнапред ќе допатува во Лондон на самитот на групата 20, поветен на економската криза, каде што ќе има средби и со лидерите на Русија и на Кина. Потоа во Стразбур и во Кил ќе учествува на самитот на НАТО. На 5-ти април, Барак Обама ќе допатува во Прага на самитот Соединети Држави – Европска Унија, а евроспката турнеја ја завршува со дво-дневната посета на Турција.
XS
SM
MD
LG