Достапни линкови

Обама им даде рок на Крајслер и Џенерал Моторс


Американскиот претседател Барак Обама рече дека на домашната автомобилска индустрија која што е во криза, ќе и биде дадена уште една, последна шанса да се реструктуира или ќе ја загуби владината поддршка. Набрзо по денешната оставка на шефот на Џенерал Моторс Рик Вагнер, Обама изјави дека Џенерал Моторс и Крајслер не успеале да докажат дека можат да преживеат. На Џенерал Моторс ќе и бидат дадени 60 дена да постигне договор со синдикатите и кредиторите за да се врати во профитабилност, а на Крајслер ќе му бидат дадени 30 дена за да постигне договор со италијанската фирма Фијат која сака да откупи дел од оваа компанија. „Не можеме и не смееме да ја оставиме нашата автомобилска индустрија едноставно да исчезне.“ рече Обама. Американската влада веќе даде помош од 13,5 милијарди долари за Џенерал Моторс и 4 милијарди долари за Крајслер.
XS
SM
MD
LG