Достапни линкови

logo-print

Талибански милитанти ја нападнале полициската академија во Пакистан?


Во денешниот напад од страна на вооружени лица врз полициска академија во пакистанскиот град Лахоре, според последните податоци, загинале најмалку 14 лица меѓу кои осумина се полицајци, а четворица милитанти. Во инцидентот околу 100-тина луѓе се повредени. Министерството за внатрешни работи на Пакистан, се сомнева дека нападот го извршиле лица лојални на пакистанскиот талибански лидер Бајтула Месуд. Вооружени лица со пушки и гранати утринава ја нападнаа полициската академија. Владините безбедносни сили водеа речиси осум часовни престрелки со напаѓачите, пред да ја преземат контролата врз зградата.
XS
SM
MD
LG