Достапни линкови

Светска криза, а владата покачува плати


Пари и кредитни картички
Пари и кредитни картички
Додека земјите во светот но и во регионот превземаат мерки за ублажување на последиците од економската криза, Владате не се откажува од планот да им ги зголеми за 10проценти платите на административните работници. За експерите зголемувањето на платите во услови на криза може да биде контрапродуктивно.
Од министерството за финансии објаснуваат дека е ова е последното од најавените три зголемувања на платата на администрацијата.

„Така што и оваа година во рамки на буџетот на државата, се планирани тие средства и се очекува да се реализираат.“

Објаснува портпаролот на министерството за финансии Мартин Мартиновски.
Професорот Мирољуб Шукаров вели дека економската политика треба да се насочи кон политика на штедење.

„Зголемување на платите на буџетарите или на било кој друг субјект дури и во приватниот сектор, води кон влошување на девизната ликвидност на земјата. Јас лично би препорачал да се покача и тој дел од партиската програма на владеачката партија да се реализира кога за тоа ќе постојат услови.“

Вели професорот Шукаров, и препорачува платите да се зголемат дури тогаш кога земјата ќе има зголемаена извозна активност , со која ќе се компензира зголемениот увоз. Дел од граѓаните не го прифаќаат најавеното зголемување на платите. Други пак сакаат да има зголемување, но за сите работници.

„Јас сум за зголемување на платите општо за сите работници.“

„Криза, не криза, ама нека си се снаоѓаат.“

„Се зголемуваат платите за администрацијата, а обичниот граѓанин останува без никакви бенефиции.“

Земјите од соседството како Србија, Хрватска и Грција уште пред неколку месеци ги замрзнаа платите на државните службеници. Досега нема најави за такво сценарио во Македонија. Според статистичките податоци во земјава работат околу 600 илјади луѓе, од кои околу 120 илјади се во јавната администрација.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG