Достапни линкови

Ромите во Дебар за прв пат во локалната власт


Совет на општина Дебар

Совет на општина Дебар

За прв пат Ромската етничка заедница во Дебар ќе има свој преставник во локалната власт. Досега Ромите во Дебар и покрај тоа што се бројни немаа можност да се организираат политички. Омалуважувањето во минатите децении и бројните притисоци и страв во плурализмот, беа клучни фактори кои влијаеа врз немањето на свои преставници во локалните институции на одлучување. На последниве локални избори за прв пат Обединетата партија за еманципација на ромите ги организираше и Ромите веќе имаат свој преставник во општинскиот Совет.

,,Општина Дебар е една од најмалку развиените општини во Македонија, каде што живеат 10 до 15 проценти и роми, но можам да кажам дека тие се социјално загрозени и многу малку од нив имаат работа.“

вели Арбен Бајрами преставник на Обединетата партија за Еманципација.
Агрон Асани се надева дека присуството на Ромите во локалната политика ќе ја подобри позицијата на оваа етничка заедница .

,,За прв пат по 18 години се организиравме и сега имаме наш претставник во Локалните органи. Докажавме дека и ние Ромите постоеме во Дебар и се надевам дека ќе имаме подобро утре.“

Ромите покажуваат дека има подем и во насока на еманципација и кај женската популација. Розита Исаку која беше во листата на ОПЕ на локалните избори е радосна што Ромите имаат свој советник и додава дека и покрај тоа што имало проблеми со обезбедувањето на жени во листите со кандидати за Советници, сепак младите генерации на жени имаат и кадар за политика.

„Младите девојчиња се поеманципирани во последниве години.“

Изборот за прв па на еден Ром во Советот на Дебар го поздрави и лидерот на ОПЕ Неџдет Мустафа.

,,Мислам дека оваа дава силен сигнал дека Македонија може да оди напред со овој концепт и дека на Ромите им се отворени вратите како од Македонците така и од Албанските политички партии односно албанската етничка заедница.“

вели Мустафа.
Треба да се нагласи дека политичките партии и невладиниот сектор во Дебар го поздрави вклучувањето на ромската заедница во политичкиот живот на локално ниво.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG