Достапни линкови

logo-print

Хрватска без одговор на предлогот на Рен за граничниот спор


Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ и премиерот Иво Санадер, денеска изјавија дека Хрватска сеуште не одлучила дали ќе го прифати новиот предлог на еврокомесарот Оли Рен за решавање на граничниот спор со Словенија, поради кој се блокирани преговорите на Загреб со ЕУ. Еврокомесарот Рен во петокот изјави дека до вечерва ги очекува одговорите од Хрватска и Словенија, на новиот предлог за решавање на граничниот спор со арбитража, која би ја водел финскиот дипломат Марти Ахтисари.
XS
SM
MD
LG