Достапни линкови

Воспоставена контрола врз нападната полициска академија во Пакистан


Пакистанските безбедносни сили соопштија дека ја презеле контролата врз полициската академија во градот Лахоре, која утринава беше нападната од група вооружени лица. Безбедносните сили ја опколиле зградата и речиси осум часа воделе престрелки со напаѓачите. Според извештаите, при нападот загинале околу 20 полициски регрути, а десетици се повредени. Полицијата успеала да убие четворица од напаѓачите, а најмалку тројца се уапсени.
XS
SM
MD
LG