Достапни линкови

Предизборни тензии или суштински проблеми?


Гласачко место
Гласачко место

Осуда и меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата по неодамнешните тепачки меѓу учениците Македонци и Албанци во Струга и меѓу студентите и поддржувачите на издграба на црква на Плоштадот

Нема сомневање дека неодамнешната тепачка меѓу ученици Македонци и Албанци во средното училиште во Струга, како и саботниот инцидент меѓу противниците и поддржувачите на изградбата на црква на плоштадот Македонија е поврзан со предизборната тензија во земјава. Вакви се реакциите на претставниците на политичките партии и домашните експерти. Власта и опозицијата гои осудија насилствата и меѓусебно се обвинија дека инцидентот е политичко сценарио на противникот. Од Демократската Унија за интеграција
Многу е зголемена тензијата, некаде има мртва трка. Во Гостивар да речеме. Може некој да падне во искушение да предизвика конфликт
се уверени дека инцидентите имаат политичка позадина.

„Очекувам сите одговорни актери во државата да почнат да преземаат мерки за надминување на таквата поларизираност, за создавање атмосфера на меѓусебна, и би рекла, меѓучовечка толеранција,“

вели Ермира Мехмети од ДУИ

И од Либерно-демократската партија реагираат на последниот развој на настаните. Загрижува фактот што наместо да се намалуваат, тензиите меѓу етничките заедници и припадниците на различни политички опции растат, вели Роза Топузова Кареска од ЛДП:

„Последниот инцидент кој се случи околу протестите на студентите на Архитектонскиот факултет доведува во прашање дали институциите на системот функционираат, онака како што треба во една демократска земја.“

Политичките аналитичари не ја исклучуваат поврзаноста меѓу предизборната атмосфера и инцидентите. Проф.Мирјана Малевска вели
Тоа се суштински проблеми кои Македонија вешто ги крие неколку години. Ние докажуваме дека нс сме зрело општество. Ние имаме мулти етничко општество, немаме институции на мулти етничка држава
дека проблемот со меѓуетничките судири во Струга трае подолго време но според неа можно е тие да се злоупотребуваат во текот на изборната кампања.

„Многу е зголемена тензијата, некаде има мртва трка. Во Гостивар да речеме. Може некој да падне во искушение да предизвика конфликт.“

Проф. Имер Исмаили пак од Штуловиот Универзитет смета дека последните инциденти не се одраз на моменталната предизборна клима.

„Тоа се суштински проблеми кои Македонија вешто ги крие неколку години. Ние докажуваме дека нс сме зрело општество. Ние имаме мулти етничко општество, немаме институции на мулти етничка држава.“

Експертите се согласни дека најголемата одговорност за последните случувања ја имаат надлежните органи. Власта ги има инструментите во своите раце, и токму таа е одговорна за тоа дали ќе создаде зрело мултиетничко општество и фер и демократски избори, велат тие.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG