Достапни линкови

logo-print

Кредитите поскапуваат


НБМ ги зголеми каматните стапки. Според експертите, стабилноста на девизниот курс мора да биде приоритет, а прекинот на соработката со ММФ не најдобра одлука

Кредитите ќе поскапат, информираат од Македонските банки. Дел велат дека повисоки каматни стапки ќе има само за кредитите за компаниите, додека други не ја исклучуваат можноста за поскапи потрошувачки кредити. Меѓународните експерти посочуваат дека детерминираноста на Владата да троши а на Централната банка да штеди е пример во речиси секоја земја.
По одлуката на Народната банка за зголемување на благајничките записи за 2 процентни поени, граѓаните се загрижија дејка ваквата одлука може да ги поскапи потрошувачките кредити.

Гувернерот ја правдаше одлуката со стабилноста на денарот, тврдејки дека доколку не се затегне монетарната политика, стабилноста на денарот може да биде доведена во прашање.

„Нерамнотежата и притисоците на девизниот пазар растеа и продолжуваат да растат. Зголемени и од неретко, невнимателното, или од не знам какви други причини креирање не многу основани очекувања во врска со стабилноста на девизниот курс.“

Од дел од банките велат дека ваквата одлука на ценртралната банка нема да ги погоди потрошувачите туку компаниите. Драган Димитриев, претседател на управниот одбор на Статер банка не ја исклучува можноста кредитите за претпријатија да бидат уште
За земји како Македонија, стабилноста на девизниот курс мора да биде приоритет во вакви ситуации
поскапи.

„Нема да влијае толку врз потрошувачките кредити и кредитирањето на населението, колку врз кредитирањето на компаниите.“

Од менаџментот на Охридска Банка ја поздравуваат одлуката на централната банка за одржување на макроекономската стабилност. Во писмено соопштение до медиумите претседателот на управниот одбор Бернард Коениг посочува дека не се исклучува можноста за зголемување на каматните стапки на кредитите, не прецизирајки кои кредитни линии ќе поскапат.

Меѓународните експерти велат дека ваквото однесување на институциите е нормално во речиси секоја земја. Шефот на аналитичкиот оддел при германската „ДЗ Банк“ Ханс Јекел вели дека некои земји можат тоа да си го дозволат.

„Сепак, прашање е дали Македонија може да се извлече со ваквите постапки. Под претпоставката дека во земјата нема многу домашни заштеди, треба да се обратите на светските пазари за прилив на пари. Прашање е дали инвеститори од Кина или Арабија на пример, ја
Сметам дека не е најдобра одлуката во овој момент да се прекинат врските со ММФ
гледаат Македонија како најдобро место да го стават своите пари? За земји како Македонија, стабилноста на девизниот курс мора да биде приоритет во вакви ситуации.“

Јекел додава дека во ваква ситуација, прекинувањето на соработката со Меѓународниот конетарен фонд не е најдобра одлука.

„Сметам дека ММФ е една од неколкуте надежи кои ги имате. Дополнително ММФ сега се подготвува да превземе поактивна улога во справување со кризата, и сметам дека не е најдобра одлуката во овој момент да се прекинат врските со ММФ.“
XS
SM
MD
LG