Достапни линкови

Се очекува планот за спас на американската авто индустрија


Извршниот директор на американската автомобилска компанија Џенерал моторс, Рик Вагонер поднесе оставка. До овој чекор доаѓа во очекување на објавата на планот на американскиот Барак Обама за спасување на автомобилската индустрија. Со него е предвидена поголема финансиска помош под строго определени услови, за авто индустријата која падна за 30 проценти во време на рецесијата. Џенерал Моторс има загуби од околу 82 милијарди долари од 2005 година досега, а одржан во живот благодарејки на итниот владин заем од 13, 4 милијарди долари годинава.
XS
SM
MD
LG