Достапни линкови

Напад врз полициски центар за обука во Пакистан


Воружени лица со пушка и гранати нападнале полициски центар за обука во пакистанскиот град Лахоре. Според непотврдени извештаи, при тоа имало најмалку 20 загинати регрути и многумина повредени. Стотица полицајци и војници ја опколиле зградата и над два часа воделе престрелки со напаѓачите. Пред помалку од еден месец во Пакистан беше нападнат крикет тимот на Шри Ланка при што загинаа 6 полицајци, а неколку играчи беа повредени.
XS
SM
MD
LG