Достапни линкови

Ердоган не е задоволен од изборните резултати


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека не е задоволен од резултатите што ги постигна неговата Партија на правдата и развојот на вчерашните локални избори. Според 80 проценти од преброените гласови владејачката АКП добила 39,1 отсто. Претходно турскиот премеир изјави дека се ќе се смета за изборен пораз ако партијата добие помалку од 47 проценти од гласовите, колку што освои на парламентарните избори во 2007 година. Треба да се извлече поука од народот. Резултатот од изборите треба да се сметаат за ново гласање на доверба, рече Ердоган. На вчерашните локални избори пет лица загинаа, а околу 100 беа повредени во судирите главно во Источна и Југоисточна Турција.
XS
SM
MD
LG