Достапни линкови

Коалицијата на Мило Ѓукановиќ победник на изборите во Црна Гора


Коалицијата „Европска Црна Гора“ на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ освои апсолутно мнозинство на вчерашните вонредни парламентарни избори, но проекциите на освоените мандати од страна на набљудувачите варираат од 46 до 49 од вкупно 81 место во парламентот. Крајниот резултат, според Центарот за мониторинг, ќе зависи од резултатите на Народната коалиција. Лидерот на опозициската Социјалистичка народна партија, Срѓан Милиќ изјави дека најсилна партија во Црна Гора е онаа на гласачите кои вчера не излегоа на гласање.
XS
SM
MD
LG