Достапни линкови

logo-print

50 отсто од гласачите го дале својот глас на изборите во Црна Гора


На предвремените парламентарни избори во Црна Гора до 17 часот гласале околу 50 отсто од запишаните избирачи, што е незначително повисок процент во споредба со претходните парламентарни избори, соопшти домашната организација која ги набљудува изборите ,,Центар за демократска транзиција.“ Околу 490 илјади лица со право на глас, избираат меѓу 16 политички групи и коалиции во трката за парламентарните избори. Според анкетите се очекува победа на актуелниот премиер Мило Ѓукановиќ.
XS
SM
MD
LG