Достапни линкови

Тополанек отворен за договор со опозицијата за нова влада


Чешкиот премиер Мирек Тополанек, чија влада е во оставка, изјави дека е отворен за договор со политичките ривали, вклучувајќи ги и социјал-демократите, за формирање на привремена влада. Тополанек посочи и дека нема да инсистира да биде на чело на новата влада. Парламентот во вторникот изгласа недоверба за владата на Тополанек, на половина од чешкото претседателствување со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG