Достапни линкови

logo-print

Обама нема да го забрзува повлекувањето од Ирак


Американскиот претседател Барак Обама зборувајќи во интервју за телевизијата СиБиЕс, изјави дека планот за повлекување на американските трупи од Ирак останува, но нема дека нема да го забрзува повлекувањето на силите. Планот на Обама за Ирак предвидува завршување на американската мисија во оваа земја до 31 август 2010-та година. Тој исто така рече дека ќе се консултира со пакистанските лидери околу битката со терористите во оваа земја. Обама посочи дека Пакистан мора да биде поодговорен, но отфрли можност за распоредување на американски трупи во оваа земја. Нашиот план не го менува фактот дека го признаваме Пакистан како суверена земја, рече Обама.
XS
SM
MD
LG