Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу ирачките сили и сунитска група


Ирачките безбедносни сили им наредија на приврзаниците на една сунитска група во Багдад, да се разоружаат. Ирачките трупи вчера го уапсија лидерот на групата Адил Ал Машхадани, поради повразаност со терористички активности. По апсењето започнала вооружена престрелка меѓу членовите на групата и американските и ирачките сили, при што загинале три лица. Оваа сунитска група, е составена од поранешни бунтовници, кои и се придружија на американската армија во борбата против Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG