Достапни линкови

Без скапа кампања до советничко место


Macedonia - Toni Trajkovski Slonce councelor of Kumanovo, Kumanovo, 27Mar2009

Macedonia - Toni Trajkovski Slonce councelor of Kumanovo, Kumanovo, 27Mar2009

Голем другар и пријател, хуманист, духовит и секогаш добро расположен за поздравување и разговор, артист аматер, 44-годишниот кумановец Тони Трајковски познат како Тони Слонче во градот, се чини нема кој не го знае. Непоправлив оптимист кој животот и сите тешкотии ги гледа од ведрата страна со шестминутна кампања на локални телевизии Слонче добил доволно гласови за да влезе во новиот состав на општинскиот Совет на Куманово.

Како геодетски техничар работел малку, но нема работа за која не се зафатил за да си обезбеди егзистенција. Како носител на советничката листа на неговата партија ВМРО-ТМРО тој ќе биде запаметен по невообичаената кампања.

„Намерно играв така, затоа што на првиот состанок со сите партии рекоа дека изборите ќе бидат фер. На самиот старт не беше така. Тие
Мојата кампања трае 44 години, така што мојот влог е многу поголем од нивните кампањи
влегоа со пет милиони денари, а јас влегов со минус двесте евра. Не сакав да се сликам. Партијата ми направи флаери, а сега можам јавно да кажам и дека градоначалникот Зоран Дамјановски ми помогна со по 150 запалки и пенкала.“

Со насмевка вели Слонче. Во кампањата тој имал две прес конференции за што раскажува:

„Со два преса од шест минути на телевизија колку законски ми следува. На едниот прес не дојдоа едни, на другиот други. Во секој случај тоа што го реков луѓето го видоа. Сега се шегуваат дека со шест минути влезе во Советот, а да ти беше поголема кампањата минимум градоначалник ќе станеше.“

Раскажува Слонче.Сепак додава:

„Мојата кампања трае 44 години, така што мојот влог е многу поголем од нивните кампањи.“

Тони Слонче во Советот ќе се залага за повисоко ниво на културата и спортот во градот.Ќе ги подржува и сите добри и реални идеи.Како член на Здружението на бранителите од 2001 година ќе се залага за изградба на споменикот на загинатите бранители, ама како што вели и за изградба на порепрезантивен објект на Градската библиотека. Иако тој и неговата партија му ја дале подршката на градоначалникот Дамјановски за вториот мандат Слонче за својот успех на изборите вели дека се надевал:

„Апсолутно да, иако имав таква кампања.“

Тој низ насмевка додава дека на партиите ова може да им послужи за пример во иднина да водат ефтини и поинакви кампањи, зашто луѓето ја препознаваат и ја наградуваат искреноста.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG