Достапни линкови

logo-print

Медведев – Убиствата на новинари „политички мотивирани“


Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека верува оти неколкуте убиства на новинари се политички мотивирани. Во интервју за БиБиСи, Медведев изјави дека политичка пресметка ,,некогаш“ е причина поради која новинарите се цел на убиства. Тој изјави дека единствен излез од таквата ситуација е пронаоѓање на злосторниците и нивно изведување пред лицето на правдата. Русија, според групите за правата на медиумите, се смета за една од најопасните земји за работа на новинарите. Во изминатава деценија во земјата се убиени околу 16 репортери.
XS
SM
MD
LG