Достапни линкови

Питер Ајкер, шеф на мисијата на ОБСЕ- ОДИХР во Македонија


Питер Ајкер, шеф на мисијата на ОБСЕ ОДИХР во Македонија
Питер Ајкер, шеф на мисијата на ОБСЕ ОДИХР во Македонија

Мирни избори е само една компонтента од демократските избори. Забележавме дека семејното гласање и заплашувањето на граѓаните пред гласањето се сеуште проблем по првиот изборен круг. Се надевам дека по вториот круг ќе имаме уште попозитивен извештај

Peter Eicher
Г-не Ајкер, генералната оценка за првиот круг од изборите што ја дадовте во прелиминарниот извештај беше дека изборите поминале мирно, без насислтва и инциденти. Дали тоа значи дека имавме фер и демократски избори?

Демократските избори содржат многу различни компоненти во себе а недостигот од насилство е една од важните компоненти. Вие не можете да имате добри избори ако постои насилна атмосфера. Но да имате тивка, мирна атмосфера е само еден аспект од едни фер и демократски избори. Добри демократски избори исто така мора да ги имаат предвид почитувањето на човековите права, тајноста на гласањето, еднаквата застапеност на мажите и на жените, мора да постои добра и транспарентна администрација. Многу од овие нешта беа застапени во текот на минатиот викенд но сепак има многу работи околу кои сеуште постои загриженост и каде што би сакале да видиме напредок.

Во тој контекст, ќе ве навратам на уште една формулација од извештајот а тоа е дека овие извори одговориле на најголем дел од меѓународните стандарди Што значи точно тоа?

Ова значи дека ОБСЕ има многу специфична листа на барања како оние за кои зборував а за кои сите земји партиципиенти се обврзуваат дека ќе ги почитуваат. Тоа значи дека ние на пример согледавме оти генерално човековите права се почитуваа со тоа што имаше слобода на изразувањето, слобода на организирање и на активна кампања во која што кандидатите можеа слободно да ги искажат своите ставови пред граѓаните, имаше мирна и тивка атмосфера, но во исто време некои други обврски како што е тајноста на гласањето, на пример, на денот на гласањето забележавме дека семејното гласање е сеуште проблем како што беше и на претходните избори а со семејното гласање вие немате тајност на гласањето. Тоа е еден од проблемите. Исто така го потенциравме проблемот на притисоци и заплашување на граѓаните во периодот пред гласањето. А ова е нешто што ние не би сакале да го видиме во еден демократски процес и е спротивно на демократските стандарди.

Дали овие забелешки кои ги наведувате можат да влијаат на конечната оценка за изборите?

Да, ние сигурно ќе ги наведеме во нашиот конечен извештај, затоа што за нас изборите се еден долгорочен процес. Изборите не се само еден ден, така што ние ќе наведеме се што ќе забележиме во текот на наредните два месеца кои ќе следат и по изборниот процес. Со оглед на некои од нив кои сеуште имаат можност да бидат подобрени, бев пријатно изненаден на пример од тоа што премиерот почна да го упатува ова прашање на притисоците и заплашувањата во јавните изјави во последните неколку дена. Постои можност некои од ваквите како и други изборни нерегуларности па дури и семејното гласање да бидат подобрени во текот на вториот круг од гласањето и ако тоа се случи ќе ми биде задоволство да констатирам дека имало значаен напредок меѓу првиот и вториот круг.

Зошто во овогодинешниот извештај особено го нагласувате проблемот со избирачкиот список?

Ние реагиравме на ова прашање и претходно и тоа е една од причините зошто толку силно реагиравме и овој пат, затоа што постои препорака од страна на ОБСЕ ОДИХР и на Венецијанската комисија на Советот на Европа дадена многу пати до сега дека мора да се направи темелно ревидирање на избирачкиот список и бидејќи тоа сеуште не е направено до овој момент, ние сега нагласивме дека тоа конечно навистина треба да биде направено особено ако се земе предвид дека голем број од луѓето кои се на листите не се државјани на земјава. Ние слушнавме одредена загриженост од страна на некои политички партии и некои од кандидатите дека списокот содржи веројатно многу голема бројка, никој точно не знае колкава е таа, и тоа е проблем а отвара и многу можности за манипулации на денот на изборите, така што тоа е причината зошто го нагласивме истото прашање.

Голем дел од забелешките кои ги наведувате и во овогодинешниот извештај се провлекуваат и низ речиси сите претходни ваши извештаи за изборите ккао што се семејното гласање но и недостигот од кадар во администрацијата , недостигот од соодветна обуга и сл. Имате ли препораки како да се надминат овие проблеми?

Па нашите препораки за изборите ќе бидат наведени во нашите извештаи кои ќе се објават по завршувањето на изборниот процес. Затоа не би сакал да давам прерани препораки. Сепак потребата од ревизија на гласачкиот список, забелешки за семејното гласање и други работи кои беа очигледни, секако можам да предвидам дека ќе се најдат во извештајот. Генерално, препораките ќе се проучуваат и многу ќе размислуваме за нив пред да се комплетира целиот процес.

Што мислите дека може да се подобри во овој кус период до вториот изборен круг? Што очекувате од македонските власти и од политичките актери до крајот на изборниот процес?

Како што веќе кажав, многу сум задоволен што властите, вклучувајки го и премиерот почнаа да зборуваат за тоа. Станува збор за многу голема одговорност и се надевам дека ќе бидат упорни за пораката да се пренесе низ целата земја: до државните службеници до лидерите на политичките партии, до безбедносните служби и така натаму. Сметам дека ако пораката добро се пренесе во тој случај може да се направи разлика. Исто така би ги охрабрил граѓаните да се спротистават на притисоци, и да сфатат дека имаат важна и одговорна улога во самиот процес на гласање.

Дали доколку се случат инциденти или некакви други проблеми во овој период тоа ќе ја наруши веќе добиената оценка за првиот круг од гласањето?

Јас сум набљудувач и не сум тука да предвидувам што ќе се случи. Јас само го набљудувам она што се случува. Секако, се надевам дека работите ќе бидат подобри наместо полоши во текот на вториот круг. Ние секако
ќе продолжиме со внимателно набљудување уште од денеска и ќе направиме конечна проценка кога процесот ќе заврши.

Но вие знаете дека овој извештај за Македонија има и големо политичкоп значење за македонија во смисла на евроинтегративниот процес. Очекувате ли дека Македонија оваа година ќе добие извештај којшто ќе одговори на европските барања?

Секогаш сакам да гледам добри избори и секогаш сум посреќен кога можам да дадам позитивна изјава на крајот на изборниот процес. Значи да, јас се надевам дека за две недели ќе дадеме уште попозитивен извештај, но ќе видиме. Ова е големо прашање кое не го опфаќа мојот мандат. Сепак станува збор за одлука која другите ќе ја донесат.
XS
SM
MD
LG