Достапни линкови

Во Турција денеска се оддржуваат локални избори


Повеќе од 48 милиони избирачи во Турција денеска гласаат на локални избори, на кои се гледа како на можност за зајакнување на позициите на владеачката Партија на Правдата и Развојот, на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Имено, според анкетите, на изборите за градоначалник и општински совети во 81 провинција во земјата, се очекува мнозинство гласови да освои владеачката Партија. Вкупо 19 партии ќе се натпреваруваат за над 2.940 градоначалнички места и 37.000 места во општинските совети.
XS
SM
MD
LG