Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори во Црна Гора


Во Црна Гора денеска се оддржуваат предвремени парламентарни избори. Според анкетите се очекува коалицијата на актуелниот премиер Мило Ѓукановиќ да освои уште еден четиригодишен мандат. Право на глас имаат нешто повеќе од 498 илјади избирачи, а гласачките места ќе бидат отворени до 21 часот. Ѓукановиќ повика на предвремени избори, соопштувајќи дека сака јасен мандат за спроведување на реформите со цел приближување на земјата до ЕУ и НАТО. Опозицијата се спротивставуваше на ваквата одлука, напоменувајќи дека Владата на Ѓукановиќ преку предвремените избори само сака да си обезбеди нов мандат пред светската финансиска криза негативно да се одрази врз Црна Гора.
XS
SM
MD
LG