Достапни линкови

logo-print

Поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ


Министрите за надворешни работи на Европската унија на крајот од неформалниот состанок во чешкото место Хлубока над Влтава го поддржаа приклучувањето на земјите од Западен Балкан во Унијата.

Ова беше истакнато на завршната прес конференција по дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Европската унија кои денеска имаа разговори со нивните колеги од Балканот.

,,Министрите за надворешни работи цврсто ја реафирмираа европската перспектива на Западен Балкан. Неопходно ни е да ја продолжиме нашата политика на стабилизација, односно процесот на проширување на Европската унија,,.

Изјави на завршната прес конференција еврокомесарот за проширување Оли Рен, најавувајќи и извесни мерки за справување со последиците од економската криза во регионот и за визната либерализација. Притоа тој ја потенцира Македонија:

,,Вашата земја добро напредува во процесот на исплонување на критериумите за визна либерализација,,.

оцени Рен, додавајќи дека првиот круг од изборите поминал добро и изрази надеж дека така ќе биде и во вториот круг. Во врска со одредувањето датум за Македонија за почеток на преговори за членство во Унијата, Рен изјави дека до крајот на годинава ќе се донесе одлука и за тоа прашање. Предлогот на германскиот кенцелар Ангела Меркел, Унијата да почека со приемот на земјите од Западен Балкан додека не се провери како ќе функционира со новиот Лисабонски договор претходно го отфрли шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг.

,,Со целосно почитување спрема канцеларката, Европа треба што поскоро да се обедини и да ја заздрави таа отворена европска рана. Значи, целиот Балкан треба да стане дел од Европската унија,,.

Ваквиот став на Шварценберг го поддржа и шефот на британската дипломатија Дејвид Милибанд

,,Проширувањето е во интерес и на Европската унија и на Западен Балкан. Сите земји од регионот би требало да имаат европска перспектива. Тие спаѓаат во европското семејство,,.

Изјави Милибанд.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG