Достапни линкови

Инцидент на собирот против изградба на црква во центарот на Скопје


На Плоштадот Македонија во Скопје денеска за време нa одржувањето на најавениот јавен собир против изградба на црква на плоштадот, дошло до судир меѓу две групи на граѓани при што било интервенирано од Полициската станица Центар за да не дојде до поголеми инциденти. Министерството за внатрешни работи соопшти дека меѓу лицата кои го организирале и учествувале во јавниот собир и побројна група граѓани која се спротиставувала на нивните ставови најпрвин дошло до вербална расправија. Нема пријави за посериозни физички повреди од ниедна страна.
XS
SM
MD
LG