Достапни линкови

Муслиманските земји против Расмусен на чело на НАТО


Муслиманските земји побарале од Турција да вложи вето на изборот на данскиот премиер Андерс Фог Расмусен за генерален секретар на НАТО, изјави турскиот премиер Таип Ердоган. Мандатот на сегашниот генерален секретар Јап де Хоп Схефер му истекува на крајот од јули годинава, а неговиот наследник треба да биде наименуван за време на претстојниот самит на НАТО во почетокот на април. Ердоган додаде дека на Расмусен му ја пренесол загриженоста поради неговиот став во врска со објавените карикатури на пророкот Мухамед во данскиот печат пред три години.
XS
SM
MD
LG