Достапни линкови

Канада ќе го брани својот суверенитет на Арктикот


Канадската влада соопшти дека останува посветена на нејзините заложби на Арктикот. Шефот на канадската дипломатија Лоренс Канон прецизира дека Канада е подготвена да го заштити својот суверенитет на тие простори. До ова дојде откако Русија ги обелодени своите планови за формирање нови воени сили кои имаат за цел да ги чуваат руските интереси на Арктикот. Според сегашнаото меѓународно право, ниту една земја не ги поседува северниот пол и Арктичкиот океан.
XS
SM
MD
LG