Достапни линкови

ОН ја поздравуваат новата стратегија на САД за Авганистан


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ја поздравува новата стратегија за Авганистан што вчера ја претстави американскиот претседател Барак Обама, соопшти портпаролот на генерлниот секретар Миѓел Монта. ,,Очекуваме да видиме зголемено присуство на меѓународната заедница заради побрза реконструкција на Авганистан,, изјави таа. Претседателот Обама изјави дека новата стратегија на војната ќе има само една цел, уништување на борците на Ал Каида во Авганистан и во сосдениот Пакистан. Затоа, тој најави испраќање дополнителни четири илјади војницици кои треба да ги обучуваат авганистанските сили во справувањето со Ал Каида.
XS
SM
MD
LG