Достапни линкови

logo-print

Авганистан и Пакистан ја поздравија американската стратегија


Американскиот претседател Барак Обама ја објави обновената стратегија на Вашингтон за Авганистан. Обама оцени дека ситуацијата во Авганистан е се поопасна и оти не смее да се дозволи Авганистан и Пакистан да паднат под контрола на Талибанците и приврзаниците на Ал Каеда. Во стратегијата се предвидуваат 4 илјади тренинг офицери да работат со авганистанската армија. Тие ке бидат дел од 17 те илајди дополнителни војници кои ке бидат стационирани во Авганистан пред изборите во Август. Официјални лица на Авганистан и Пакистан ја поздравија новата американска стратегија.
XS
SM
MD
LG