Достапни линкови

Отворен патот на Хрватска во НАТО


Претседателот на словенечкиот парламент Павел Гантар денеска го потпиша Законот за ратификација на Пристапниот протокол за влез на Хрватска во НАТО, а потоа истото го направи и словенечкиот претседател Данило Тирк. Со тоа се овозможува Словенија документот да го испрати до Американската Владата како депозитар на Атланстката повелба со што Хрватска на следниот самит може да учествува како полноправна членка. Законот за ратификација словенечкиот парламент го ратификува пред околу еден месец и половина, но постапката не беше во можност да се изврши до крај поради иницијативата парламентарната ратификација да се оспори на референдум што се покажа неуспешна.
XS
SM
MD
LG