Достапни линкови

Масовна тепачка меѓу ученици Македонци и Албанци во Струга


Тројца повредени и десетина приведени ученици, е епилогот од денешната масовна тепачка во Струга меѓу ученици Македонци и Албанци од средното училиште “Ибраим Темо”. Директорот на училиштето, Муса Мусаи потврди дека тепачката се случила околу пладне, надвор од училиштето, а во неа учествувале околу 60 ученици од втора година. Засега нема информации што бил мотивот за тепачката.
XS
SM
MD
LG